Мини проички со сирење (со палента)
Состојки
- 200 гр бело брашно
- 200 гр пченкарно брашно
- 200 гр палента
- 250 мл млеко
- 250 мл вода
- 2 јајца
- 350 гр кравјо или мешано сирење
- 1 прашок за пециво
- 150 мл масло
Подготовка
Пред се сакам да ве поздравам сите. Секојдневно ги читам вашите рецепти и се воодушевувам на вашата креативност. Како новодојдена, се надевам дека и на вас ќе ви се допадне мојот прв рецепт.
Начин на подготовка
1. Најпрво се матат јајцата со жица за матење и во нив се додава млекото, водата и маслото и сето тоа се меша.
2. Се додаваат двата вида на брашно, палентата и прашокот за пециво и се меша да се добие хомогена смеса.
3. Кон оваа смеса се додава сирењето ситно издробено со рака и се заедно се меша. Треба да добиете полугуста смеса.
4. Смесата се полни во силиконски калапчиња, но калапите да бидат до пола полни.
5. Се пече во загреана рерна околу 30 мин.
Пројата може да се комбинира со јогурт, павлака, лесна салатичка, имате многу варијации.