Испечати

Ивино жито

Ивино жито

Состојки

  • 500гр. бела пченица
  • 350гр. мелени ореви
  • 100гр. чоколадо за готвење
  • 100гр. мелени бисквити
  • 2 кесички шлаг
  • 1 ванила
  • 1/2 кесичка цимет
  • 1 рендан лимон(кората)
  • шеќер по вкус

Подготовка

Варената пченица ја мелиме и ги додаваме шеќерот, ванилата, циметот, бисквитите, лимонот и оревите.
Мешаме додека се изедначат сите состојки.
Во подлабоки чаши ставаме од пченицата, над неа малку ореви и над оревите топено чоколадо.
Украсуваме со биен шлаг, чоколадо и ореви. Многу убав и брз десерт.