Испечати

Жаби со спанаќ

Жаби со спанаќ

Состојки

  • 500 гр брашно
  • 1 лажиче шеќер
  • 2 лажичиња сол
  • 1 жолчка
  • 250 мл млеко
  • 50 гр зејтин
  • 1 пакетче сув квасец
  • 100 гр спанаќ
  • 5 виршли

Подготовка

Замесуваме тесто од сите состојки.
Оставаме да нарасне.
Откако е стасано тестото го делиме на 10 топчиња.
Потоа секое делче го делиме на едно големо и две мали.
Големото делче го сечеме на два а дела од кои ја формираме главата на жабата.
Во средината ставаме виршла. Од малите делови ги правиме очите на жабата.
Формираме жаби и оставаме да стасаат околу 15 минути. Печеме во загреана рерна додека не пожолтат.
Нас ни се допаднаа, а вие пробајте па кажете.
На здравје