Непечена торта со кокос и ореви
Состојки
- 1500мл. млеко
- 300гр. шеќер
- 300гр. кокосово брашно
- 300гр. мелени бисквити
- 300гр. мелени ореви
- 4 пудинзи од ванила
- 2 пудинзи од чоколадо
- 100гр. црно чоколадо за готвење
- 12 лажици шеќер
- 250гр. путер
- 250гр. слатка павлака
Подготовка
Почитувани Мои Рецепти најпрво голема благодарност до целиот прекрасен тим за тоа што ми овозможивте да бидам дел од ова прекрасно друштво на вешти готвачи од кои можи многу да се научи. Голема благодарност до сите готвачи кои со вашите пофалби и критики ги следевте моите рецепти. Слободно можам да кажам дека од кога сум дел од оваа прекрасна страна многу научив од сите Вас.
Изборот за оваа торта баш за 100 мој рецепт не е случаен. Оваа торта е омилена на мојот сопруг, а денес славиме и 13 години брак и затоа го одбрав токму овој рецепт.
Најпрво одделуваме 1000мл. млеко и го додаваме шеќерот. Ги додаваме и 4 пудинзи од ванила и вариме додека не се згустат. Ги тргаме настрана и оставаме да се изладат. Ладни ги биеме со путерот. Смесата ја делима на два еднакви дела. Во едниот дел ги ставаме мелените бисквити, а во другиот дел кокосовото брашно.
Во 500мл.од млекото што ни остана ги вариме двата пудинзи од чоколадо и 12 лажици шеќер. Вариме се додека не се згусти и го додаваме чоколадото. Оставаме малку да се излади и уште млак го мешаме со мелените ореви.
Започнуваме со редење. Најдолу ја ставаме смесата со бисквити, над неа смесата со кокосово брашно и најгоре смесата со ореви. Цела торта ја украсив со слатката павлака, а бомбиците се од смесите од тортата. На здравје!!