Испечати

Кантарион во маслиново масло, тинктура и чај

Кантарион во маслиново масло, тинктура и чај

Состојки

  • Кантарион во маслиново масло
  • 1 литар маслиново масло
  • 100 гр цвет од кантарион
  • Тинктура со кантарион
  • 1 литар домашна ракија
  • 2-3 чаши свежо берен цвет од кантарион

Подготовка

За подготовка на маслото од кантарион потребно ми е 100 грама свеж цвет од кантарион и еден литар маслиново масло. Ако немате маслиново масло можете да го подготвите и со 1 литар ладно цедено сончогледово масло.
Се промешува во стаклен сад и се остава на сонце најмалку 15 дена. Добива убаво црвена боја. Потоа се прецедува преку газа и маслото е готово за употреба.
Мајка ми го чува заедно со цветот и кажува дека е добро и така да се конзумира.
Знам дека кантарионот го употребуваше татко ми за болки во желудникот и пиеше по една супена лажица во текот на денот.
Маслото делува како јак антибиотик.
Потребно е да се знае дека маслото од кантарион е убаво за отворени рани, рани кои крварат, за отоци, чиреви, за пресни рани од операции, за масажа, реума и опекотини....
Процедено маслото се чува на темно место, а неговото лековито дејство е до две години.

Од кантарионот се прави и тинктура на следниот начин
1 литар домашна ракија се помешува со 2-3 чаши цвет од кантарион, свежо набрани.
Стои на сонце 15 дена се цеди се собира во стаклен сад и се чува на темно.

Чајот од кантарион исто така е природен лек за болки во желудникот, главоболка, оболен црн дроб и слично.....Се подготвува на стандарден начин. Дозволено е 2 шољи чај дневно.

Совет
Носете си на плажа по едно шишенце од кантарион маслото и не ви треба крема за после сончање.