Похован сладолед
Состојки
- 1 кгр. сладолед
- 100 гр. остро пченично брашно
- 2 јајца
- 100 гр. лебни трошки
- 400 мл. зејтин за пржење
- Сос
- 100 мл. вода
- 150 гр. шеќер
- 100 гр. ситно зрнасто овошје - боровинка, рибизла и др.
Подготовка
Имав дадено ветување дека ќе направам ваков сладолед, направив- кинеска варијанта. Лесно за спремање. Единствената маана, што и не е маана, е тоа што си сака повеќе време да му посветиш, другото лесно како песна.
- Направете си по свој рецепт или готов купен сладолед, најчесто предлаган е од ванила. Со лажицата црпете од сладоледот формирајки топчиња, поставете ги на послужавник постеле со хартија за печење - вратете во фрижидерот за длабоко замрзнување, најмалку 4-5 часа.
- Со вилушка изматете ги јајцата.
- Извадете сладоледот и секое топче прво увалкајте го во острото брашно, потоа во јајцето, па во презлата. Повторно наредете на послужавникот и пак вратете назад во замрзнувачот. Повторно 2-3 часа најмалку треба да одстои.
- Во Вок тавата ставете го зејтинот да се загрее извадете неколку поховани топчиња сладолед, веднаш пропуштајте да се пржи и тоа кратко - само колку да зарумени. Користете лажица - решетка.
Послужете веднаш.
Сос за прелевање
Додека во фрижидерот стои сладоледот вие пригответе го и преливот. Ставете во касеролата водата, шекерот и нека врие околу 10 мин. потоа ставете го овошјето и нека продолжи уште 3-4 мин. да се вари. Тргнете да се лади.
Забелешка
Препораката секој пат е да е сладолед од ванила, овој пат јас направив ванилно-чоколаден. Немав замрзнат бобичасто овошје, но си имам од слаткото од цреши спремано малку на друг начин (рецептот го имате), одлично се вклопи за прелив.
Прелив можете да користите каков сакате можете и чоколаден или некој друг сос. Дулче Де Лече одлично се вклопува овде, но за мене барем овошниот прелив ми е незаменлив. Јас денес некако редоследот на поховањето го згрешив токму на тоа што сликав видно од фотографијата, но бидејки се работи за сладолед, ќе извинете поради недостатокот од повеке слики бидејки тој не дозволува многу да го губиш времето, бара веднаш работа да не се стопи.
Да напоменам и тоа дека може доколку повеќе сте спремале, ако случајно - велам случајно што не ми се верува - ви остане, слободно вратете го во фрижидерот исто е добар кога повторно ќе се одмрзне.
Тоа е тоа изненадување од сладолед - обожаван од најмалото до најголемото... Нека ви е слатко!