Малина - ароматизиран оцет
Состојки
- 500 гр. малини
- 500 мл. бел вински оцет (може и јаболков)
- 50 гр. шеќер
Подготовка
И не само од јагоди, еве и од малини, кој исто така е супер вкусотија во зелените салати...
- Во тегла ставете ги малините и дел од оцетот. Изгмечете ги за да го пуштат сокот, додадете го остатокот од оцетот, оставете да одстојат 2 недели на ладно и темно место.
- По одстојувањето процедете ги низ газа, ставете во касеролата заедно со 50 гр. шеќер да се вари околу 10 минути на тивок оган.
- Тргнете да олади, соберете во стерилизирана флаша.
Уживајте во новите вкусови!
Забелешка
- Доколку имате замрзнати малини, слободно направете и со нив.