Испечати

Тортички со јагоди

Тортички со јагоди

Состојки

  • 15 јагоди (отприлика)
  • 1 ванилин шеќер
  • 100 гр. путер
  • 50 гр. шеќер
  • 2 жолчки
  • 2 полни лажици кисела павлака
  • 150 гр. бело брашно
  • 2 полни лажици пченкарно брашно
  • половина прашок за печиво
  • 1 лажиче екстракт од ванила

Подготовка

Помеѓу навистина многуте, преубави рецепти со јагоди на овој сајт, еве и еден мој (прв) рецепт со јаготки.
Подготовката оди вака
1. Јагодите се мијат се чистат од дршките, се сечат на половини и се посипуваат со ванилиниот шеќер. Се оставаат да одстојат додека се приготвува смесата за да впијат од аромата на ванила.
2. Путерот се мати убаво со миксер, па постепено му се додаваат шеќерот, жолчките, павлаката и на крај експрактот од ванила.
3. На страна се мешаат белото, пченкарното брашно и прашакот за пециво па полека се додаваат во горната смеса. Се меша полека со лажица.
4. Во калапот за мафини се ставаат хартиени корпици кои се полнат со горната смеса до 2/3.
5. Над секоја се ставаат по две половинки јагоди (претходно убаво се промешуваат со ванилата и сокот кој го пуштиле)
6. Се печат на 180 Ц, околу 20-25 мин (зависно од рерната)
7. Готовите тортички се посипуваат со шеќер во прав.