Испечати

Волшебен овошен колач

Волшебен овошен колач

Состојки

  • бисквит
  • 4 жолчки
  • 1 чаша шеќер
  • 1 чаша кисело млеко
  • 1/2 чаша зејтин
  • 2 чаши брашно
  • 1 пециво
  • 300гр јагоди
  • шам
  • 4 белки
  • 6 лажици шеќер
  • 50гр лешник

Подготовка

Ова е брз колач за кој ви е потребен малку материјал. Бисквитот е мек а во него може да ставите различно овошје (малини,капини,вишни,праски...).
Подготовка
На почеток ги одвојуваме жолчките од белките. Почнуваме со матење на жолчките со шеќерот во цврста пена. Веднаш потоа ги додаваме киселото млеко, зејтинот, праокот за пециво и брашното. Смесата ја сипуваме во ненамрсена мала ростер тава.
Јагодите предходно миени ги ставаме врз смасата и печеме на 200 степени околу дваесет минути.

Во меѓувреме ги матиме белките во цврста пена и постепено го додаваме шекерот матејќи непрестано. Откако бисквитот сме го испекле рерната не ја исклучуваме само врз бисквитот ги додаваме белките и сецканиот лешник и повторно тортата ја враќаме во рерна. Веднаш откако ќе го вратиме колачот рерната ја исклучуваме и тортата ја оставаме петнаесетина минути. Колачот го чекаме да се излади и сечеме убави коцки,во мојот случај бевме малку нестрпливи.
Добар апетит!!!