Испечати

Ранду торта

Ранду торта

Состојки

  • 1 паковање готови кори за торта
  • 10 жолчки
  • 2 белки
  • 300 гр мелени кикирики
  • 150 гр мелени ореви
  • 100гр чоколадо
  • 160гр шеќер
  • 3 супени лажици чоколадо во прав
  • 250гр маргарин коцка
  • 2 шлаг шени
  • 150 гр млеко

Подготовка

Корите ги натопуваме со малку шербет и ги оставаме да стојат додека го правиме филот.
Со 40 гр од шеќерот ги матиме жолчките и ги ставаме на пареа кратко време.
Настрана ги матиме белките со остатокот шеќер, ги додаваме во жолчките на пареата и мешаме кратко и тргаме да се лади. Настрана се мати маргаринот со мелените кикирики се додаваа и оревите и чоколадото во прав, а потоа и една по една лажица стопено чоколадо. Откога е изладена смесата со жолчки ја истураме во смесата со маргарин и мешаме убаво.
Потоа се филува тортата.
Шлаг пената ја матиме со млекото и ја премачкуваме цела торта, а од горе трошки во боја.