Испечати

Компот од млади тиквички

Компот од млади тиквички

Состојки

  • 3 тиквички
  • 150гр шеќер
  • 2 литри вода
  • 1 прашак за сок од ананас
  • 1 прашак за сок мешавина
  • 1/2 пакетче лимонтус

Подготовка

Овој рецепт го подготвуваме веке неколку години, вкусот е исто како на ананас, но ние сакаме да експериментираме и користиме и други вкусови од мешавина, праска...
Кој и да му дадете да проба нема да верува дека е подготвено од тиквичка. Се користи како замена на ананас во торти, како компот, а начинот на подготовка е премногу лесен.

Тиквичките се лупат и им се вади внатрешноста и се сецкаат ако е потесно на полукругови. Бидејки кај нас беа поголемки, на помали парчиња и се налеваат со водата се ставаат на рингла. Кога ќе зовријат 1 до 2 минути максимум се варат. Пената што ја испуштаат се собира и се фрла.
Се тргаат на страна и се цедат. Водата не се фрла туку се оделува 1 кг и 300 гр, а остатокот се фрла. Бидејки ние правевме со 2 врсти на вкус водата се дели на 2 дела. Во неа претходно се става додека е врела да се растопи шеќерот и лимонтусот. Откога ја поделив на два дела во едниот дел ставив прашак за сок на растварање од ананас, а во другиот прашок од сок на растварање од мешавина. Се промешува и се истураат тиквичките пола во едниот пола во другиот дел и се остава да стои 24 часа. Се собира во тегли се чува во фрижидер.