Испечати

Пржени сендвич кришки

Пржени сендвич кришки

Состојки

  • 1 леб
  • 3-4 јајца
  • прстофат сол
  • 150 гр салама
  • 150 гр кашкавал
  • масло за пржење по потреба

Подготовка

Сите си ги правиме пржените кришки, а еве еден предлог како да се искористи стариот леб и да имате брзо спремен вкусен доручек.
Лебот го сечеме на кришки и тоа по можност по две кришки кои не ги засекуваме до крај. Иако пробав и со сечени кришки и спојот беше успешен, преферирам да не се засекуваат до крај. Помеѓу ставаме парчиња салама и кашкавал и ги потопуваме во изматените јајца. Ги пржиме во малку масло. Од маслото како што се троши, така по малку дополнуваме во тавата. Ги пржам на средна до висока температура во тавче што не лепи.
Лебот кој го користев ми е домашно месен. Не морате да се држите до мерките за салама и кашкавал, сепак е тоа индивидуално, некој сака подебели, некој потенки парчиња....