Алмонд хагс
Состојки
- 280 гр брашно
- 280 гр маргарин
- 140 гр мелени бадеми
- 140 гр шеќер во прав
- сок од 1/2 лимон
- цели зрна непечени бадеми
- црно чоколадо за украсување
Подготовка
Уште една идеја за детски суви колачи....
Измешајте ги сувите состојки, па потоа во нив вмешајте го убаво маргаринот. На крај измесете глатко тесто со додавање на лимоновиот сок.
Оставете го тестото половина час во фрижидер, па потоа на набрашнета работна површина развлечете кора со дебелина од 4 см.
Вадете форми со калапче за ѓумбир колачи (човече со раширени раце) или пак мече. Битно е фигурата да има рачиња за потоа да го држи бадемот, кој се става на средината на градите и рацете се превиткуваат кон него.
Печете на 180Ц 12-15 мин. во зависност од рерната.
Готовите колачи по желба се украсуваат со растопено чоколадо. Доколку немате или не сакате, тогаш пред печењето со дрвце за ражничи направете им очиња и носе.