Насмеани колачиња
Состојки
- 200 гр брашно
- 75 гр шеќер
- прстофат сол
- 1 пак. ванилин шеќер
- 1 полна лажица капучино
- 1 жолчка
- 120 гр маргарин
- 60 мл слатка павлака
- растопено црно чоколадо за декорација
Подготовка
Измешајте ги сувите состојки.
Додадете го маргаринот и жолчката и на крај со павлаката замесете глатко тесто.
Тестото завиткајте го во стреч фолија и оставете го во фрижидер 1/2 час.
Потоа развлечете кора со дебелина од половина см и со кружни форми или чаша со помал пречник исечете кругчиња.
Печете на 180С 12на мин.
Растопете го чоколадото и оформете лица на колачињата.
Дозата не е голема, па доколку сакате повеќе колачиња-дуплирајте ја.