Испечати

Благо мече со јогурт (турте)

Благо мече со јогурт (турте)

Состојки

  • 800гр. брашно
  • 1 пециво
  • 1 ванила
  • 1/2 лажиче цимет
  • 1/2 лажиче сода бикарбона
  • 1 парче рендана кора од лимон
  • 300гр. шеќер
  • 10 лажици масло
  • јогурт по потреба
  • за декорација суво грозје

Подготовка

Секоаш се радував кога се правеше турте дома, а тоа беше многу често, не чекавме никнување на прво запче. Истото и сега го правам кога ни фали нешто благо дома, веднаш се замесува турте и се е под контрола.
Во подлабок сад ги ставаме сите состојки и постепено го додаваме јогуртот. Треба да добиеме не многу меко тесто и правиме форма по желба, а можи и само да го ставите цело тесто во намрсено тавче и да го испечите. За очите и за устата овој пат со син ми употребивме суво грозје. Печиме на 190 степени околу 35 мин.