Испечати

Лили Хип - cake pops

Лили Хип - cake pops

Состојки

  • 1,1/2 чаша брашно
  • 1 лажичка пециво
  • 1/4 лажичка сол
  • 1/2 чаша омекнат путер
  • 1 чаша шеќер
  • 2 јајца
  • 2 лажички ванила
  • 1/2 чаша млеко
  • по ваш избор чоколадна глзура или друг слој

Подготовка

Детски лижалки, интересни, спремани за две млади госпоѓици.
Се спремаат односно се печи тестото во специјален апарат, но може да се спремаат и без него, ќе ви предложам и таков рецепт.
 
Чашата е од 250 мл.
- Измешајте ги брашното, пецивото и солта.
- Во садот во кој што ќе го спремите тестото изматете ги шеќерот и маргаринот, додадете ги јајцата и ванилата.
- Наизменично додавајте го брашното и млекото, почнувате и завршувате со брашното. За цело време бркајте ја смесата.
- Вклучете го апаратот да се загрее. Во секој отвор ставете по 1 лажица од смесата и печете 3-4 мин.
- Испечени оставете ги да оладат и спремете ја глазурата.
- Најпрвин стапчето на кое што ќе стојат, брцнете го во глазурата, вметнете во испечените колачи, оставете да се зацврсти (ова да не може да ви испадне од стапчето кога целосно ќе ги глазирате и со сигурност да стојат). Откако се зацврстило стапчето, тогаш брцнувајте ги во глазурата која е пожелно да биде во потесен висок сад, (чаша или филџан) извадете и над садот вртете ги да се исцеди вишокот од глазурата. Поставете ги на постољето или едноставно на парче од стиропор сосема одговара за оваа намена. Нека се олади глазурата. Веќе поле за работа понатамошна имате.
Декорирајте како што сакате, умеете и исполнувајте желби на дечките кои сигурно ќе бидат околу вас и ќе учествуваат во оваа играрија.
Доколку немате ваков апарат, а сакате да направите, еве еден предлог мој кој исто така е добар.

СОСТОЈКИ ЗА ЧОКОЛАДЕН БИСКВИТ
2 јајца, 55 гр какао, 250 мл. провриена топла вода, 120 гр. путер, 200 гр. кафен шекер, 1/2 лажичка арома од ванила, 2,1/2 лажички пециво, 1/4 лажичка сода бикарбона, прстовет сол
СМЕСА ДОДАТОК ЗА ИЗМЕСУВАЊЕ - 100 гр. млечна чоколада, 120 гр.путер, 200 гр, шеќер во прав
Подготовка
Рерната загрејте ја на 190 степени. Спремете округла модла со дијаметар од 20 см. на која је поставите хартија за печење. Во помало садче ставете го какаото и измешајте го со топлата вода да се раствори - оставете настрана.
Во садот за матење ставете го омекнатиот путер, прстовет солта и шеќерот и добро кремасто изработете го. Додадете ја ванилата и јајцата кои малку со вилушка сте ги сматиле. Сето ова добро го уработете.
Брашното, пецивото и содата измешајте ги, додајте во предходната смеса и измешајте да се целото тоа поврзе. На крај додадете го какаото (смесата ќе биде поретка затоа не е потребно да користите модла на откопчување). Исипете ја смесата и печете околу 45-50 мин. Печена кората оставете да потполно се олади, по што со рацете направете ја на ситни трошки. Оставете настрана.
Спремете ја смесата за замесување на цаке попсот. Паутерот кој е омекнат ставете во сад за матење, додајте го шеќерот во прав и пенасто изработете го, по што ќе додадете на пареа стопена чоколада - измешајте да се спојат состојките, одложете во фрижидерот на 30 мин. да се олади и стегне.
Оладена смесата додадете ја во трошките од кората и со раце измешајте да се се фино спои. Правете од добиената смеса куглички одложивајки ги на плех обложен со хартија за печење, повторно ги ставете во фрижидер за околу 1 -2 часа.
Понатаму постапката со чоколадирање е иста.
Забелешка
Можете да користите од стапчињата за ражничи - само обратно или врвот едноставно исечете го.
Од мене толку - а на вас пријатна забава.