Видео рецепт: Колач со какао и урда
Состојки
- За ТЕСТО ќе ви треба:
- 180 гр. урда
- 180 гр. шеќер
- 2 јајца
- 60 гр. брашно
- 50 гр. какао
- 50 гр. путер
- 1/2 прашок за печиво
- За ПРЕМАЧКУВАЊЕ ќе ви треба:
- 80 гр. чоколадо
- 1 лажица масло
Денес ќе готвиме заедно со Катерина, готвач член на нашата веб-страница. Катерина ќе подготви еден од нејзините најпопуларни рецепти, Колач со какао и урда.
Урдата најчесто не' потсетува на некое солено јадење. Погледнете дека таа многу убаво се вклопува и во колач со какао и чоколадо!
Подготовка
Чекор 1: Во длабок сад за матење ставете ги урдата и шеќерот. Изматете ги убаво со миксер. Со непрекинато матење додајте ги и јајцата. Матете уште 5 минути.
Чекор 2: Потоа додајте го брашното измешано со прашокот за печиво. Измешајте убаво со жица за матење и додајте го какаото и растопениот путер.
Уште еднаш изматете убаво со жица за да не останат грутчиња.
Чекор 3: Смесата истурете ја во Делимано тавата срце и печете на 180 степени, 40 минути. Во меѓувреме на пареа растопете го чоколадото со малку масло.
Чекор 4: Откако ќе се излади колачот, премачкајте го со растопената чоколада и послужете.
СОВЕТ: Овој рецепт оригинално се подготвува со Рикота, но и вака, со урда,е многу вкусен. Одличен за со кафе или чај!