Испечати

Пудинг од ориз со слатко од вишни

Пудинг од ориз со слатко од вишни

Состојки

  • 75гр ориз
  • 600мл млеко
  • 1 ванилин шеќер
  • 100гр. шеќер
  • 1 лажица шеќер во прав
  • 1 прашок за шлаг
  • 1 јајце
  • 200гр слатко од вишни

Подготовка

Во тенџере на оган ставеме 500мл млеко, ги додаваме оризот и ванилиниот шеќер и мешаме со лажица. Откако оризот ќе се свари го додаваме шеќерот и мешаме со лажица. Сварениот ориз го истураме во поголем длабок сад.

Со миксер ги матиме прашокот за шлаг и 100мл млеко. Јајцето го кршиме и со миксер ја матиме белката. Го додаваме шеќерот во прав и матиме со миксер. Врз оризот во садот го нанесуваме шлагот, а врз него изматената белка и мешаме со лажица додека пудингот не се соедини.
Го ставаме пудингот во калап и врз него слатко од вишни и врз нив пак пудинг.
Откако ќе го извадиме од калапот врз него пак нанесуваме од слаткото со вишни.