Испечати

Благи лиснати грисини

Благи лиснати грисини

Состојки

  • 265гр. готово правоаголно лиснато тесто
  • 35гр. шеќер
  • 4 полни лажици црн крем

Подготовка

Брзи, лесни за спремање, а се многу вкусни, како за децата така и за возрасните.

На хартија за печење нанесете го шеќерот.
Одозгора ставете го лиснатото тесто и со сукало поминете преку лиснатото така шеќерот ќе се залепи за него.
Еурокремот растопете го на пареа или во микробранова и нанесете го на едната половина од лиснатото.
Преклопете го со другата половина од тестото и исечете го на ленти.
Секоја лента свиткајте ја спирално.
Ставете ги во плех обложен со хартија и печете на 180 степени, 25 минути.