Интегрални шпагети со сос од домати и мали ќовтенца
Состојки
- 500 гр интегрални шпагети
- сол, маслиново масло
- за ќовтенцата
- 250 гр мешано мелено месо
- 1 мала главичка кромид
- 1 помало јајце
- 1/2 парче двопек натопен во вода
- зачин, бибер, малку оригано, сецкан магдонос
- 400 мл домашен сос од домати
Подготовка
Еве еден предлог за лесен и брз ручек.
Уште од вечер ако си го спремите сосот од домати и ја замесите смесата за ќовтенцата, за наредниот ден после работа имате за 15 минути топол оброк.
Додека се варат шпагетите се пржат мали топчиња-ќовтенца.
Најпрво се замесуваат сите состојки за ќовтенцата и се формираат мали топчиња.
Се пржат на загреано масло со повремено протресување на тавата за да се испржат од сите страни.
Потоа во тенџере се налева вода околу 1 литар, се додава малку сол, па се додаваат шпагетите. Се варат 8-9 минути и се цедат.
Им се додава 2-3 лажици маслиново масло за да не се залепат.
Се сервираат во тајнир шпагетите, врз нив се нанесува од домашно припремениот сос од домати, а може и кечап, се ставаат ќовтенца, сиренце и готово.