Испечати

Детски ванилици со чоколино

Детски ванилици со чоколино

Состојки

  • 500 гр брашно
  • 150 гр шеќер во прав
  • 100 гр мелени ораси
  • 200 гр маргарин
  • 1 пециво
  • 2 жолчки
  • 5 лажици чоколино

Подготовка

Жолчките ги матиме со шеќер во прав, додаваме маргарин и истураме во брашното. Додаваме мелени ораси чоколино и пециво, месимо тесто.
Тестото го сукамо во кора сечемо детски фигурчиња.
Печемо на температура 200 степени.
Испечени ванилици посипуваме со шеќер во прав.
Многу се убави!