Печено пиле со 7 зачини и вино
Состојки
- 1,5 кгр пиле
- 50 мл бело вино
- 50 мл вода
- 40 мл маслиново масло
- 1 кгр компири
- Зачини
- 1 лажичка вегета
- 1 лажичка бибер
- 1 лажичка буковец
- 1 лажичка оригано
- 1 лажичка кари
- 1 лажичка сушени листови целен
- 1 лажичка сув босилек
Подготовка
Прво пилето убаво се мие.
Се протрива со сите зачини и се става во пекач.
Се налеваат виното, водата, маслиновото масло, се додаваат излупените компири и се заедно се печи во релна 2 часа на 170 степени.
Пред крај по потреба се вади капакот за пилето да зарумени.( доколку се спрема во друг сад)
Но, вака спремено во пекач нема потреба да се вади капакот.
Едноставен, брз и вкусен ручек.