Испечати

Кифли - ветерници

Кифли - ветерници

Состојки

  • 250 мл млеко
  • 250 мл јогурт
  • 1 јајце
  • 1 квасец
  • 50 мл масло
  • 1 лажиче сол
  • 1 лажиче шеќер
  • 900-1000 гр брашно
  • 125 гр маргарин за премачкување
  • 1 јајце за премачкување
  • 30 гр афион за декорација

Подготовка

Прво во малкото млеко се става квасецот со шеќерот и малку брашно да се активира.
Потоа се додаваат останатите состојки и се замесува средно тесто.
Се дели на 20 топчиња.
Секое топче се расукува во мала коричка.
Потоа секоја коричка се премачкува со маргарин.
Се редат едно врз друго по 10 корички.
Најгорната коричка не се премачкува.
Од првото купче се сучи правоаголна кора и се сечи на квадрати со големина 6х6 цм.
Сега секој ќош на квадратот се засекува на краевите.
Наизменично од секој дел земете го само едниот агол и внесете го во центарот.
Така се постапува со сите 4 агли.
Во средината благо се притискаат за да не се отворат при печењеѕо.
Се премачкуваат со јајце, во средината се става по малку афион, киснат 20 минути и се печат.

Многу декоративни и вкусни кифли.