Пикантни солени мали еклерчиња
Состојки
- за еклерчињата потребно е-
- 60 мл масло
- 125 мл вода
- 1/4 лажиче сол
- 90 гр брашно
- 2 јајца
- за полнење-фил
- 250 гр урда
- 1-2 лажици лут ајвар
- 1/4 лажиче буковец
- 1 лажица кисела павлака
- 100 гр рендан кашкавал
Подготовка
Во тенџере на оган се ставаат да зовријаат маслото, водата, солта.
Се додава брашно, се промешува и се трга на страна.
Во смесата се додаваат 2 јајца, едно по едно и убаво се изработува со миксер.
Се вадат со мало лажице еклерчиња или со помош на шприц и се печат во загреана рерна без да се отвора вратата на рерната.
Се ладат и се сечат на половина.
Во сад на страна се соединуваат урдата, ајварот, буковецот, павлаката, кашкавалот.
Во средината со лажиче се става од готовиот фил, врз него се става мало парче марула и се поклопуваат. Се сервираат по желба.