Испечати

Моите лазањи

Моите лазањи

Состојки

  • 1 пакетче готови лазањи (јас користам домашни бидејќи сама си ги подготвувам на машина)
  • 300 гр кашкавал
  • 100 мл бело вино
  • За фил
  • 3 главици кромид
  • 1-2 моркова
  • 400гр мелено месо (мешавина од свинско и телешко месо)
  • 200 гр кечап или доматно пире
  • 100 мл бело вино
  • 1 чаша (од 200 гр) соја трошки
  • малку масло за јадење
  • по вкус јадра сол
  • 2 лажици мешан зачин
  • 1 лажица оригано
  • 50 мл вода
  • За Бешамел сос
  • 100 мл млеко
  • 30 гр маргарин
  • 2 лажици брашно

Подготовка

1. Кромидот ситно исечкан и ситно изрендан морковот се пропржуваат на врело масло во тавче
2. Откако ќе омекнат им се додава меленото месо па и тоа се пропржува малку
3. Сојата, која претходно постојала натопена во вода, се исцедува од водата и се додава во меленото месо
4. Се пропржува уште кратко и на ова се додаваат зачините, па потоа и кечапот и белото вино
5, Во друго тавче се ставаат млекото и маргаринот да се соединат на огин и потоа во нив се додава брашното и малку се промешува, а потоа ова се додава во меленото месо и се заедно се соединува
6. Во тава за печење со малку масло за јадење се реди прво еден ред со лазањите кои претходно сме ги обариле околу 5 мин во врела вода
7. Врз нив се става пола од смесата со мелено месо
8. Се реди кашкавалот или ленти или пак рендан
9. Повторно се прави истата постапка и најозгора се реди пак кашкавал, се додава уште останатите 100 мл бело вино и 50 мл вода , се попрскува со оригано уште малку и се става да се пече во загреана рерна на 250 С околу 40-50 мин
10. Јас лазањите ги служам со кисели корнишони, бидејќи најмногу ми одговара таа комбинација со нив
....Пријатен апетит...