Човечиња од ванила
Состојки
- За бисквитите
- 125гр. путер на собна температура
- 125гр. шеќер
- 1 јајце
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 250гр. брашно
- За кралска глазура
- 250гр. шеќер во прав
- 1 белка од јајце
- бои прехрамбени(црвена,жолта,сина,виолетова)
Подготовка
Декоративни бисквите со кој верувам дека многу ќе ги израдувате вашите дечиња.
Подготовка на бисквитите
1. Во сад за матење со миксер матете го шеќерот и путерот додека не добиете пенеста крема.
2. Додајте ги јајцата и ванилата и матете додека смесата не стане хомогена.
3. Пресејте го пола од брашното во садот и мешајте внимателно со жица додека не се размеша убаво.п Пресејте го и останатото брашно и мешајте уште додека не стане хомогено.
4. Уработете ја смесата со рацете, замотајте ја во фолија и ставете ја фрижедер 30минути.
5. Загрејте ја рерната на 180 степени.
6. Расукајте ја смесата на работната површина со дебелина од 4 мм. Со калпче извадете форми од кората. Префрлете ги во тава за печење која претходно сте ја обложиле со хартија за печење. Печете 10-15 минути додека не заруменат.
7. Готовите бисквите одставете ги да се изладат во тавата неколку минути, а потоа префрлете ги на жица и оставете ги комплетно да се изладат.
Подготовка на кралската глазура
1. Во сад за матење со миксер матете ги белките додека не добиете цврст снег.
2. Потоа во садот полека додавајте го шеќерот во прав и наизменично мешајте со миксерот додека глазурата не стане мазна и светкава.
3. Глазурата разделете ја во садови и во нив додајте ги прехранбените бои кои претходно сте ги разредиле со неколку капки вода. Мешајте ја глазурата со лажица додека смесата не стане хомогена. Мегувремено како ги користите боите другите покривајте ги со памучно крпче за да не се исушат.
Глазурата ја префрламе во готварски шприц и ги декорираме бисквитите во во форми на панталончиња и фустанчиња.
Совет
Јас ви препорачувам кога ќе ставите една боја истрошете ја целосно, а потоа преминете на друга, имајќи предвид со која боја кој дел ќе го декорирате.
Излегуваат околу 40 бисквите, но тоа сепак зависи од големината на калапчињата кај мене беа малку помалечки.