Морска торта
Состојки
- За трите кори
- 9 јајца
- 9 супени лажици шеќер
- 9 супени лажици брашно + 1 пециво
- 9 супени лажици мелени ореви
- За филот
- 2 пудинга од ванила
- 650 мл млеко
- 150гр шеќер
- 250гр маргарин коцка
- 100гр сецкани лешници
- 100гр сецкан желе бонбони
- 4 крем банани
- 50 гр ренадно чоколадо
- за декорација фондан
Подготовка
За роденденот на мојот внук ја подготвив оваа торта лесна за правење, а превкусна.
3 јајца се матат со 3 лажици шеќер. Потоа се додава 3 лажици брашно, 3 лажици ореви и 1 пециво се дели за сите 3 кори се меша убаво и се пече во тавче број 28.
Се подготвуваат 3 исти кори.
ФИЛ
Млекото и шеќерот се ставаат да зовријат. Кога ќе почне да врие се истура претходно разматениот пудинг се меша да згусне и се трга на страна да се излади. Кога е изладен се мати со маргаринот и се дели на 2 дела, во едниот дел се става сецкани лешници и ренадно чоколадо, а во вториот дел се става 4 сецкани крем бананки и сецкано желе. По желба може и да си додете и суво грозје.
Се филува тортата и се декорира со фондан од кој се прават фигури. Рецепт за фондан не пишувам бидејки го има на страната на Мои Рецепти.