Млади оревчиња во мед (сируп, лек)
Состојки
- 40ина млади оревчиња
- половина тегла мед
Подготовка
Време е кога младите оревчиња се појавуваат, па оној кој што сака ова лекче да го има цела година, сега треба да го приготви.
Лесно е за подготовка, а мерките се од прилика. Во принцип не може да се згреши.
Се земаат 40ина млади оревчиња, се ставаат во тегла и се полеваат со мед колку да се прекријат. Се оставаат окулу еден месец да одстојат. Секој ден се промешуваат по еднаш и на 4-5 дена се отваара теглата за да излезе ферментираниот воздух.
Од ден на ден медот ќе се разредува од течноста на оревчињата и ќе станува се потемен и потемен.
Да не ве плаши тоа што на крај течноста ќе биде црна, така треба.
По еден месец, оревчињата речиси ќе ги снема, ќе останат само парталчиња.
Добиената течност прецедете ја и користете ја како засладувач во кафе, чај, на гладно како лек или само растворено во чаша вода како сок.
Оваа доза е релативно мала. Доколку сакате да имате за цела година направете барем 4 дози.
Ние лани направивме две дози и не ни стигна за цела година. Оваа сезона ќе правиме 4 или 6 дози. Не се расипува, а го користиме превентивно за нас и за пилиштарците како зајакнувач на имунитетот.
Истото ова може да се направи и со шеќер, но со мед е поздраво.
Се става ред оревчиња, се прекрива со шеќер убаво, пак ред оревчиња, пак шеќер и така третина тегла или третина пластично шише.
Големината на младите оревчиња не треба да е поголема од нокт (10-15мм) или поинаку кажано да ги собира во отвор за шише. Сирупот од поглеми оревчиња е погорчлив на вкус.
Може да се чува и во пластични шишиња, но поздраво е во стаклен сад.
Доволно е да се конзумира по едно лажиче на ден, особено во зимските денови кога вируси и настинки се почеста појава.
Се користи за подобрување на крвната слика, за бронхијални заболувања и хронични заболувања, чистење на црниот дроб и крвта, проблеми со тироидна железда (заради јодот од оревчињата)...како и сите други природни лекови, супер е за имунитет и не може да наштети.