Шеќерпарето на баба Славка
Состојки
- 3 јајца
- 3 филџани (од 100мл) зејтин
- 3 филџани млеко
- 3 филџани гриз
- 40 грама свеж квасец или 10 грама сув
- 300 - 400 грама брашно
- За шербет
- 1 кг шеќер
- 1 литар вода
Подготовка
Никогаш нема да го заборавам чувството кога татко ми дома ќе донесеше полна тепсија шеќерпариња од баба. Не зборувам за вкусот, вкусот доаѓаше подоцна. Чувството што ме правеше да леткам како пеперутка од среќа, Е ЗА ТОА ЗБОРУВАМ =))
Лесни се и едноставни за приготвување. Јас тесототo го проготвував со статичниот миксер. Тестото е меко, мазно, масно и нелепливо, супер е за работа.
Прво изматетет ги убаво јајцата да запенат. Потоа додадете го зејтинот, нека се соединат убаво и додадете го млекото.
На ред се сувите состоји, гризот, па брашното и квасецот.
Тестот поделето го на мали топчиња, големината е по желба. Пдобро е да се поситни, за поубаво да го впијат шербетот.
Наредете ги во подлабоки садови за печење и оставете малку простор меѓу нив бидејки нараснуваат.
Прекријте ги со крпа и вклучете ја рерната на 200 степени.
Додека да се загрее рерната тие ќе нараснат.
Печете ги 20 - 30 мин во зависност од рерната. Треба да заруменат и убаво да нараснат.
Кога ќе бидат готови, извадете ги и осtавете ги да се оладат и дури тогаш почнете со подготовка на шербетот.
Во сад на оган ставете ја водата и шеќерот и нека врие 10ина минути.
Се полеваат ладни шеќерпариња со топол (не врел) шербет.
Најубаво е да одстојат 24 часа за убаво да впијат. Јас ги превртував од двте страни....а и си кршев парченца. Чекањето да впие шербетот е најтешкиот дел од приготвувањето =))
Уживајте во спомените на едно среќно детство