Испечати

Видео рецепт: Лебеди еклери

Видео рецепт: Лебеди еклери

Состојки

  • За ТЕСТО ќе ви треба:
  • 400 мл. вода
  • 150 мл. зејтин
  • 200 гр. брашно
  • 5 јајца
  • За ФИЛ ќе ви треба:
  • 500 мл. млеко
  • 300 гр. шеќер
  • 3 лажици густин
  • 3 лажици брашно
  • 2 јајца

Денес ќе готвиме заедно со Теофанија, готвач член на нашата веб-страница. Теофанија ќе подготви еден од нејзините најпопуларни рецепти, Лебеди еклери.

Еклерите се десерт на којшто никој не може да му одолее, а замислете го воодушевувањето кога ќе ги послужите во форма на лебеди!

Подготовка

Чекор 1: Во околу 100 мл од млекото ставете ги јајцата, брашното, густинот, малку шеќер и убаво промешајте како за пудинг. Останатото млеко со шеќерот ставете ги во на оган додека да почнат да вријат. Додадете ја смесата за пудинг да проврие, со постојано мешање, односно да се згусне. Оставете да се лади.

Чекор 2: За подготовка на тестото, во лонецот ставете ги на оган водата и зејтинот. Треба да зовријат, па додадете го брашното со мешање. Кога смесата ќе стане рамномерна, додавајте ги јајцата едно по едно. По секое јајце, мешате додека да се соедини убаво во тестото, па додавате следно.

Чекор 3: Во тавите за печење со ѕвездестиот додаток на шприцот направете ги основите, кои подоцна ќе бидат тела на лебедите. Задниот дел направете го малку повисок, за да ги добиеме опашките на лебедите.

Потоа со потесна ребреста форма на шприцот направете го вратот и главата на лебедите, во форма на бројот 2.

Чекор 4: Печете ги на 200 степени, без отварање на рерната, додека да добијат златно жолта боја. За основата ќе бидат доволни 20, а за вратот 15 минути.

Чекор 5: Кога ќе се изладат основите, исечете ги по должина и наполнете ги со фил. Пред да ги затворите вметнете една „двојка“ во филот.

На крајот посипете шеќер во прав и сервирајте.

СОВЕТ: Ако сакате да бидете уште покреативни, измешајте дел од филот со малку сина прехранбена боја, и направете декорација од бранови во чинијата!