Капама со јарешко месо
Состојки
- 1 кгр. јарешко месо (ребра, грбина)
- 6-7 страка млад кромид
- 600 гр. исчистен штафел
- 4-5 стракчиња млад лук
- 2-3 лажички мелен црвен пипер
- за потребата брашно
- на вкус зачинки бибер, миродија, магданос, сол
- по слободна оцена вода
Подготовка
Е ова е веднаш препознатливо нели?
Нашата традиционална стара капама, мајско односно пролетно јадење.
Посатпка
Најпрво спремете зеленишот. Младиот кромид исчистете го, белиот дел исецкајте на поситно, а зелениот дел на поедро. Истото направете го со лукот. Штафелот добро измиен исчистете го од средишниот раб, здробете на поедро. Оставете настрана.
- Исечете го месото на парчиња, посолете и целото увалкајте го во брашното.
- Во касеролата во која ќе ја спремате капамата - ставете зејтин да се загрее, наредете од парчињата месо и пржете од двете страни да се добро испржи. Испржено месото извадете го.
- Во истиот зејтин ставте го белиот дел од кромидот и лукот нека се пржи кратко, а потоа додадете ги зелените делови. Продолжете заедно да ги пржите и доволно е кога ќе видите дека перцата ја смениле бојата. Тоа трае 1-2 мин. Додадете го мелениот црвен пипер и промешајте. Додајвајте го постапно штафелот за цело време бркајки го за да се рамномерно издинста. И за него важи истото - само да ја смени бојата. Подлијте со вода до густина да може нормално и убаво да се меша. Додадете го сега месото и оставете да се вари околу 30-40 мин.
Доколку ви изгледа дека е многу густо, додајте вода уште и дотерајте ја густината по ваш вкус. Овкусете со зачинките и оставете да се вари.
Доколку е од младо јаре, навистина е сварено за ова време, ако е постаро тогаш нека се вари подолго време.
Сервирајте со кисело млеко или павлака.
Забелешка
Овде нема потпршки. Брашното со кое го увалкавме месото пред пржењето ја завршува целата работа. Доколку сакате да е пикантно додадете буковец.
Доколку сакате да е во тавче потпечено, нема ниту тука проблем. Едноставно ставете го јадењето во ростерот и нека се динста во рерна.
Јас денес ставив дел ребра дел од 'рбетот на кој што имаше по малку мевце... ))))
Бон Апетит!
Ова е за прсти да излижеш... да, да,...