Интегрални американски палачинки
Состојки
- 1 шоља (200мл) ржано брашно
- 1 шоља соино млеко
- 1 пакетче прашок за пециво
- 1 мала лажичка екстракт од ванила
- 1 јајце
Подготовка
Пред се, ова е интегралната варијанта на америнкаснките палачинки.
Во длабок сад за матење ги додаваме брашното, млекото, ванилата, пецивото и жолчката од јајцето. Мешаме додека не се добие хомогена смеса.
Смесата треба да е доста густа, многу повеќе од онаа за вообичаените палачинки.
Белката од јајцето ја матиме на страна додека не добиеме снежна смеса, па потоа ја додаваме во останатото тесно и убаво промешуваме, додека и тоа не се изедначи.
На овој начин палачинките ќе бидат воздушести. Загреваме тавче на кое ќе ги печеме палачинките и го премачкуваме со салветка, предходно натопена со зејтин. Користејки црпалка, формираме палачинка со дијаметар од 10тина сантиметри. Печеме најизменично од двете страни, на слабо загреана рингла. Излегуваат окулу 10 палачинки.
Оригиналната рецепта е да се послужат овие лесни палачинки со путер од кикиритки и јаворов сируп. Јас овој пат ги премачкував со џем од малини.