Испечати

Делимано ванилици со лешници

Делимано ванилици со лешници

Состојки

  • 250гр. путер
  • 1 жолчка
  • 100гр. шеќер во прав
  • 150гр. печени и мелени лешници
  • 400гр. брашно
  • 1/2 пециво
  • 10 лажици мармалад од кајсии

Подготовка

Изматете го пенесто путерот со жолчката и шеќерот во прав.
Постепено ги додаваме брашното и пецивото и на крај ги додаваме лешниците.
Тестото што ќе го добиеме треба да е средно меко, да не е тврдо.
Сучиме кора со дебелина на еден прст и со калапите сечиме форми. Печиме на 170 степени околу 20 мин.
Ги филоваме со мармаладот и лепиме по две форми. Посипуваме со шеќер во прав.