Испечати

Палачинки со спанаќ и сирење

Палачинки со спанаќ и сирење

Состојки

  • За палачинки
  • 500 гр брашно
  • 200 мл млеко
  • 750-800 мл вода
  • 10 лажици масло
  • 1,5 лажиче сол
  • За полнење
  • 500 гр спанаќ (измерен е нечистен)
  • 350 гр урда
  • 2 мали јајца
  • по вкус сол
  • За прелив
  • 200 гр кисела павлака
  • 2 јајца
  • 1 мало филџанче млеко

Подготовка

Најпрво подгответе ги палачинките
Во сад ставете го брашното и солта, додајте ја водата и маслото и изматете ги со жица или миксер да нема грутчиња.
Од смесата испечите палачинки. Мене од оваа смеса ми излегоа 14.
Оставете ги на страна и подгответе го филот.
Спанаќот исчистете го и обарете го во зовриена и посолена вода 3-4 мин.
Потоа исцедете го и исецкајте го. Додајте ја урдата, јајцата, солта по вкус и имешајте ги да се изедначат.
Секоја палачинка намачкајте ја со одприлика по 2 лажици од филот и завиткајте ги во ролат. Наредете ги во плехче намачкано со путер, 7 на дното и 7 одозгора.
Попрскајте ги со масло и ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 степени 25 мин. Во меѓувреме подгответе го преливот.
Со жица разматете ги јајцата со млекото, додајте ја павлаката и мешајте додека да се изедначат.
Извадете ги од рерната и прелијте ги со преливот. Вратете ги да се допечат уште 10 - 15 додека се зацврсти преливот.
Покриени оставете ги да оладат и послужете ги со јогурт и салата.

Совет
Внимавајте плехчето да ви биде тамам да ги собере сите палачинки и да нема празни места од страните за да не течи преливот од страна, туку да остани над палачинките. Јас е направив таа грешка па сега немојте и вие.