Слатко-горчлива салата
Состојки
- 250гр. цикорија
- 3 лажици цврст јогурт
- 2 лажици мајонез
- 1 неполна лажичка кари
- 1/2 лимон(само сокот)
- 1 лажичка шеќер
- 1 банана
- 1 лажица суво грозје
- 1 портокал
- по потреба сол
Подготовка
На овој рецепт наидов случајно на пакувањето од цикоријата.
Имав план да ја правам во комбинација со компири, ама кога видов дека има рецепт за салата на пакувањето решив да го направам.
Салатава е прилично горчлива, со блага жица на шеќерот, така да количински воопшто не може да се јаде многу.
Во длабок сад за салата ставете ја цикоријата исечена на резанки.
Додајте ја бананата исечена на кругови, портокалот исечен на коцки и сувото грозје.
Во посебен сад измешајте ги јогуртот, мајонезот, карито, сокот од лимон и шеќерот.
Со ваквиот сос прелијте ја салатата, посолете и убаво измешајте.
Послужете ја со месо, во мојот случај пилешко.