Испечати

Етон мес - Eton Mess

Етон мес - Eton Mess

Состојки

  • За пуслиците
  • 4 белки
  • 230 гр шеќер
  • 1 лажица густин
  • 1 лажица сок од лимон
  • За фил
  • 200 мл слатка полномасна павлака
  • 2 лажици маскарпоне
  • 50 гр шеќер во прав
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • 300 гр свежи јагоди
  • 3-4 парчиња кандиран ѓумбир
  • неколку ливчиња свежо нане за украсување

Подготовка

Пуслици со шлаг крем и јагоди, зачинети со кандиран ѓумбир, претставуваат вистинско освежување и посебно чувство на непцата и чувството за вкус, особено во топлички денови, како што беше денот кога го приготвував овој десерт. Оваа врста на вкусотија го носи името „Итон мес“ , а инаку се приготвува на повеќе начини, ама јас одбрав да ви го претставам овој, кој за мене е најестетски и најсреден, барем на изглед.
Белките се матат со шеќерот, додека да станат многу цврсти, да почнат да создаваат врвови. Во меѓувреме некаде на половина од матењето го ставаме лимонот и густинот. Во тавче за печење, на кое сме ставиле хартија за печење, со помош на шприц правиме големи форми на пуслици (или по желба). Ги печеме на 130 степени околу 30 минути. Слатката павлака ја матиме со шеќерот и го додаваме маскарпонето и екстрактот од ванила. Го ставаме филот во шприц и на една пуслица ставаме од филот редиме јагоди и ставаме парчиња од сечканиот кандиран ѓумбир. Урасуваме со свежи лисови од нане.