Испечати

Печено маринирано пилешко

Печено маринирано пилешко

Состојки

  • Маринада
  • 1 главица лук
  • 1/2 китка магдонос
  • 300 мл јогурт
  • 1 свежо пиле
  • 1 кг млади ситни компири
  • 1 пакување (500гр) свежи шампињони
  • Зачини сол, црн пипер, мешан сув зачин

Подготовка

Овој рецепт требаше да биде прв, но се извинувам на Мои Рецепти што толку долго ги должев сликите. Има две варијанти на истиот, но се по ред.
Прво да го подготвиме пилето за печење. Измиеното свежо пиле потопете го во подлабок сад со вода во која е растворена една рака крупна морска сол. Ова ќе го направи месото по сочно и при печењето ќе биде по крцкаво. Нека отстои еден час.
За тоа време подгответе ја маринадата. Во блендер ставете го магдоносот, исчистениот лук, доволно сол, црн пипер и јогуртот. Изблендирајте, но нека останат мали парчиња. Потоа убаво исцедете го пилето (истискајте ја водата) и сега потопете го во маринадата. Треба да отстои најмалку 2 часа. Јас практикувам да направам рецки во месото или кога се копанчиња во прашање ги боцкам со чепкалка за маринадата подобро да навлезе во внатрешноста на месото. Копанчињата или други парчиња пилешко отстоени во маринада и печени на скара се неверојатно вкусни. уште и малку чили во маринадата ммм...
Но, сега имаме цело пиле да подготвиме. Во меѓувреме да подготвиме некое компирче за прилог. Млади ситни компирчиња, убаво измиени, нема потреба да се лупат. Секое од нив потопете го во чаша со зејтин и наредете го во тава. Убаво посолете, наросете мешан сув зачин и потоа пропрскајте ги со свежо млеко. Ги прави посебно крцкави. Крупна морска сол за готвење е добра опција наместо обичната сол. Печете во загреана рерна на 180 степени. Истовремено отстоеното пиле ставете го во ќеса за печење и додадете ги свежите шампињони. Одозгора налејте ја целата маринада. Убаво затворете и печете на 200 степени околу 45-60 мин. При крај практикувам да ја отворам ќесата и на опцијата за потпекување одозгора се допекува уште 15 тина минути. Да поцрвени де, да стане покрцкаво и мммммм...повкусно. Месото е навистина меко и мнооогу сочно- дури и белото месо.
Сето ова убаво се комбинира и сервира. Па, добар апетит!!!