Ушинки
Состојки
- 1 кг брашно
- 3 јајца
- 500 мл млеко
- 1 прашак за пециво (10 гр)
- 1 лажичка сода
- 50 мл зејтин
- 150 гр шеќер
Подготовка
Сите состојки се стават во еден сад и се замесува тестото.
Од тестото се расукува кора се сече на ленти и од лентите се вадат како квадратчиња (на сликите убаво е прикажана формата), на средината се засекува и едниот крај се повлекува внатре како плетенка.
Во длабок сад се става зејтин и се пржат, откако ќе се испржат, може да се посипат со шеќер во прав или течно чоколадо.
Овој рецеп е многу стар, многу вкусен, а доста брз и лесен за правење.
Пријатен апетит.