Куглоф со јагоди и јогурт
Состојки
- 1 шолја овошен јогурт од јагоди (125 мл)
- 1 шолја масло за јадење (125мл)
- 2 шолји шеќер (125мл)
- 3 шолји брашно (125мл)
- 3 јајца
- 1 кесичка прашок за печиво
- 50гр. рендано чоколадо
- 5-10 јагоди
- по потреба шеќер во прав
Подготовка
Лесен, едноставен и брз десерт, одличен е и за појадок. Може да го приготвувате не само со јагоди, исто убав е и со малинки, цреши и шумско овошје.
Мерката на шолјата секогаш нека ви биде онаа од јогуртот, значи зависно од тоа колку јогурт сте ставиле таква и ќе ви биде мерката на другите состојки.
Матете секогаш со вилушка.
1. Во сад за матење матете ги најпрво јајцата со шеќерот додека не се растопи, потоа додајте ги и преостанатите состојки и матете истовремено додека смесата не стане хомогена.
2. Смесата префрлете ја во калап за куголоф. Доколку не ви е калапот силиконски претходно намастете и набрашнете.
3. На крај одозгора мрцнете ги измиените и исчистените јагоди и печете на 180 степени околу 40 минути.
4. Готовиот куглов наросете го со шеќет во прав.
Совет
Послужете го подизладен и не се брзајте како мене да го извадете веднаш од калапот :)