Обландите на баба Перса
Состојки
- 300 гр млеко
- 300 гр шеќер
- 300 гр таан алва
- 250 гр маргарин
- 200 гр чоколадо за готвење
- 200 гр ореви
- 100 гр суви урми
- 100 гр суви смокви
- 100 гр суво грозје
- 15 бисквити
Подготовка
Прво се мелат оревите, бисквитите, урмите, смоквите и грозјето.
На оган се загреваат млекото, шеќерот, алвата, маргаринот и чоколадата до зовривање. На тоа се додаваат останатите смелени состојки и сето тоа убаво се измешува да се создаде една хомогена полутечна маса.
Се става една кора од обландата и на неа се премачкува слој од смесата, па врз неа се реди следната кора и постапката се повторува се до последната кора.
Се остава добро да се олади и стегне, па се сече по желба.
Овој рецепт веќе трета генерација се прави во семејството, што значи дека навистина вреди - вкусно, а едноставно!