Месо деликатесне
Состојки
- 500 гр свинска ктртина
- 2 главици кромид,може и млад
- 200 гр печурки
- 200 гр кашкавал
- 2 лажици мајонез
Подготовка
Месото го сечете на стекови и отчукајте го, посолете, ставете сув зеленчук, црн пипер и испржете го.
Кромидот со печурките испржете ги.
Прженото месо наредете го во тепсија. Секое парче премачкајте го со мајонез, ставете пржени печурки со кромид, одозгоре нарендајте кашкавал и ставете во рерна да се испече.
Месото многу е вкусно пробајте!!!