Не печена торта со јагоди и кокос
Состојки
- 500 гр јагоди
- 1 пудинг од јагоди + 500мл млеко
- 1 мало пакованје бисквити
- 500 гр слатка павлака
- 1 желатин
- 100 гр кокос
- 1 чоколадо за готвење
Подготовка
Прво сварете 1 пудинг. Оставете нека истине.
Желатинот размешајте го со 50 мл ладна вода.
Слатката павлака (шлагот) изматете ја. Во изматениот шлаг ставете сечени јагоди и кокос.
Желатинот стоплете го малку во микробранова, истурете го во шлагот и се убаво розмешајте.
Бисквитите натопете ги во млеко и редете во тепсија бр.26.
Врз бисквитите истурете пудинг, одозгоре на пудингот истурете шлаг со јагоди.
Ставете во фриждер да се стегне шлагот. Кога ќе се стегне шлагот украсете со стопено чоколадо и со шлаг.