Испечати

Домашни грицки

Домашни грицки

Состојки

  • 500гр брашно
  • 1 сув квасец (10гр)
  • 100мл зејтин
  • 200-250мл вода
  • 1 лажичка сол
  • 50гр сусам
  • 50гр ким(по желба лен,црвен пипер)

Подготовка

Подготовка
Брашното го сипуваме во сад за месење. Во него ги додаваме сите состојки и замесуваме со млака вода средно меко тесто.
Во два плеха обложени со хартија тестото го сецкаме. Најубаво се сече доколку формирате мали ленти кои со ножици ги сецкате дирекно во плехот. Печеме на 220 степени петнаесетина минути додека не заруменат.
Доколку сакате солено посолете ги пред печење уште еднаш.