Торта полна јагоди
Состојки
- Пандишпан
- 5 јајца
- 5 лажици шеќер
- 5 лажици брашно
- 1 лажица пециво
- 1 лажица масло
- 1 фил
- 500 мл млеко
- 8 лажици шеќер
- 5 жолчки од јајце
- 4 лажици брашно
- 1 лажица нишесте
- 125 гр путер
- 2 фил
- 500 мл вода
- 200 гр шеќер
- 300 гр јагоди
- 2 пудинга од ванила
- За декорација
- 300 гр јагоди
- 250 мл слатка павлака
Подготовка
Јаготките испаднаа и сега следат рецептите со јагоди.
Еве од мене една слатка торта полна со јагоди.
Ги кршиме јајцата и пенесто ги матиме со шеќерот.
Додаваме масло, брашно и пециво.
Смесата ја делиме на два дела и печеме два пандишпана.
Проверуваме со чепкалка дали е печено и вадиме од рерна да изладат.
Додека го чекаме да излади пандишпанот, го подготвуваме филот.
Во тенџере на оган го загреваме млекото и додаваме шеќер да се растопи.
На страна ги мешаме жолчките и брашното па додаваме и нишесте.
Таа промешана смеса ја додаваме во зовриеното млеко и мешаме да добиеме густ крем.
Го оставаме и кремот да излади, а кога е ладен додаваме 125 гр путер, па миксираме додека не се соедини.
Значи и кремот е готов.
Сега одиме на другиот фил.
Водата и шеќерот ги мешаме и оставаме да се зовријат.
Додаваме јагоди и оставаме убаво да зовријат да омекнат јагодите
Ако сакате на блендер изблендирајте.
Потоа на страна разматете ги двата пудинга од ванила и полека ставајте во течноста на оган и мешајте да добиете густа смеса.
Оставете и тоа да истине.
Кога е се изладено почнуваме да редиме.
Ставаме прв ред пандишпан.
Прелеваме со првиот фил.
Премачкуваме добро, па редиме ред од сечени јагоди.
Го ставаме вториот пандишпан.
Премачкуваме секаде по страните од првиот фил, а потоа врз вториот пандишпан нанесуваме од вториот фил.
Мачкаме убаво секаде да ја прелееме цела торта.
Може не објаснувам многу добро, но се ќе ви надокнадам со слика да сватите подобро.
Слатката павлака ја матиме и полниме шприц. Декорираме од страните нанесувајќи ленти. Редиме сецкани јагоди на површината и пак декорираме со слатка павлака. Уствари што ви објаснувам декорирајте си како сакате *)*)
Тортичката е слатка, ама премногу, а вие ако ми верувате, напаравете ја ако не оближувајте се на убавите слики....
Забелешка
Оставете ја малку во ладилникот, барем еден час пред да ја сечете.
Ќе биде уште поубава.
На здравје.