Ружички од тесто
Состојки
- 700-800 гр брашно
- 300 мл млеко
- 125 гр масло
- 1 квасец
- 1 лажиче шеќер
- 1 лажиче сол
- 1 јајце
- 1 јајце за премачкување
- 50 гр сусам
- 50 гр маргарин
Подготовка
Прво во млакото млеко се става квасецот со шеќерот и малку брашно да втаса.
Потоа се додаваат останатите состојки и се замесува средно тесто.
Посоп нема да ви треба, бидејќи тестото е доволно мрсно и не се лепи на рацете.
Се дели тестото на 30-40 топчиња.
Секое топче се расукува во долга коричка.
Се засекува со нож по должина 5-6 пати.
Почнува да се витка дијагонално за да се добие форма на молив.
Потоа добиениот молив го виткаме во крукче, а крајчето го ставаме одоздола.
Ги редиме во плех, ги премачкуваме со јајце, на секоја ружичка ставаме мала коцкичка маргарин.
Киснат 20 минути и се печат.
Многу вкусни и лични кифлички.