Макарони со компир и мортадела
Состојки
- 250гр. макарони
- 1 варен компир
- 100гр. мортадела
- 150гр. свежи печурки- буковка
- 4 лажици пармезан
- по потреба маслиново масло, сол, црн бибер
Подготовка
Ставете ги макароните во поголема количина солена зовриена вода да се варат.
Печурките ставете ги да се пржат во загреано маслиново масло.
При крај на пржењето додајте го варениот компир исечен на помали коцки и мортаделата исто така исечена на мали коцки.
Посолете, наросете бибер и оставете да се запржат мортаделата и компирот.
На крај во тавата додајте ги сварените макарони.
Тргнете ги од оган и додајте го пармезанот.
Измешајте и послужете.