Торта со јагоди Снежана
Состојки
- Пандишпан
- 7 јајца
- 7 гол лаж шеќер
- 7 гол лаж брашно
- 1 прашок за пециво
- фил
- 750мл млеко
- 3 пудинга од ванила
- 1 маргарин
- 200гр шеќер во прав
- 500гр јагоди
- 2-3лаж шеќер
- 1 шлаг од ванила
Подготовка
Тортата е многу лесна за правење, освежува и е превкусна!
Ако е доооообро изладена има вкус на сладолед.
Ја пуштаме рерната да се загрева на 180 степени и преминуваме во изработка на пандишпанот.
1. Се мешаат сите состојки за пандишпанот (јајца,шеќер,брашно,пециво) и се пече во најголемиот плех (оној оригиналниот од рерната) со хартија за печење. Се пече околу 15 минути.
2. Млекото и пудинзите се прават како и секоја подготовка за пудинг. Се остава да се излади.
3.Во друг сад се подготвува маргаринот со шеќерот во прав, добро да се соедини, па се додава во изладениот пудинг.
4.Јагодите се сечат на пола (или на 3 дела ако се многу големи) и се посипуваат со 2-3 лаж шеќер.
5. Изладениот пандишпан се дели на три дела. Се става првиот дел, се попрскува со сок од јагоди (или било кој друг сок, колку да омекне тестото), се редат пола од јагодите, врз нив се става филот па вториот пандишпан. Повторно се попрскува со сок од јагоди, се редат јагодите, па филот врз нив. Се става и третиот дел се попрскува малку со сок од јагоди. Тортата надворешно се филува со 1 шлаг од ванила.
Додатно може да украсете со 2-3 јагоди.
Совет
Јагодите се доволни, да не се лажете да ставете повеќе. Ќе го расипете вкусот на тортата.
Името на тортата е Снежана бидејќи мојата кума го сподели основниот рецепт за оваа торта, а јас направив некои мали измени со што се подобри вкусот.