Испечати

Непечена торта Изобилие

Непечена торта Изобилие

Состојки

  • 750 мл млеко
  • 350 гр шеќер
  • 3 пудинга од ванила
  • 250 гр путер
  • 400 гр бисквити
  • 100 гр бисквити
  • 100 гр кокосово брашно
  • 150 гр печени кикирики
  • 150 гр мелени ореви
  • 50 гр брусница
  • 15 свежи урми
  • 2 лажици кокосов путер
  • 2 банани
  • 2 пакетчиња ресана колачи
  • 1 лажица какао
  • чоколадни трошки за украсување

Подготовка

Оваа торта е навистина богатство на вкусови, а воедно е лесна за правење за сите оние кои не го сакаат печењето.

1. Млекото и дел од шеќерот се доведуваат до точка на вриење, па се додаваат пудинзите со остатокот од шеќерот. Се меша додека да се згусне. Се остава да се лади.
2. Путерот кој ни бил на собна температура пенасто го матиме со миксер. Го соединуваме со изладениот пудинг. Во оваа смеса додаваме 400 гр мелени бисквити.
3. Ја делиме смесата на 4 дела. Во едниот ставаме какао и 100 гр бисквити, во вториот кокос, во третиот ореви, а во четвртиот мелени кикирики.
4. Брусницата со 1 лажица кокосов путер ја ставаме во сечко да се исечка. Урмите ги лупиме, ја острануваме од семката и ја ставаме со 1 лажица кокосов путер во сечко.
5. Редиме фил со бисквити, па банани на тркалца. Помеѓу нив мачкаме со мелените урми. Сега филот со кикирики, па мачкаме со сечкана брусница. Трет фил ни е филот со кокос, над кој редиме ресани и ги покриваме со филот од ореви. Украсуваме со чоколадни трошки.

Забелешка
Сечете ја откако убаво ќе се стегне во фрижидер (после неколку часови). Моите слики од сечење се веднаш по подготвувањето. Откако убаво ќе се стегне се сечат многу убави мазни и правилни парчиња. Пожелно е да ја правите во плех со обрач, обложен со хартија за печење (лесно се одлепува). Јас така ја правев, зошто не знаев која висина ќе ја има, ама и затоа што ја добива лесно формата која ја сакам.