Испечати

Кари печурки со урда и кисело млеко

Кари печурки со урда и кисело млеко

Состојки

  • 200 грама печурки
  • 1 помала главица кромид
  • 5 лажици урда
  • 3 -4 лажици кисело млеко
  • 1 лажичка кари во прав
  • зачини по вкус (сол, бибер, мешан сув зачин, оригано...)

Подготовка

Еве уште еден полесен да не речам диетален рецепт. Јас лично многу сакам печурки во павлака, меѓутоа павлаката е покалорична од киселото млеко и затоа со експериметни дојдов до овај рецепт. Се надевам ќе ви се допадне.

Кромидот го сецкаме ситно и го пропржуваме на малку маслиново масло. Јас обожавам кромид, ако не сакате слободно изоставете го.
Печурките ги сечкаме на парчиња ( не многу ситно ) и ги додаваме во тавчето и покриваме со капак. Печурките сами ќе пуштат сок и не мора да се додава многу масло. После 5 минути го тргаме капакот, ги додаваме урдата и киселото млеко и зачините и промешуваме. Пред да ја ставите урдата проверете дали е солена за да знаете колку сол да ставите.
Готово е.
П.С Мене ми беше многу жолто јадењето и додадов една рака смрзнат грашок пред крајот за да разбие монотонија.
Ако ставите повеќе кисело млеко може да го користите како сос за тестенини, ако не слободно јадете го со салата од домати или моја препорака со цвекло.
На здравје!