Испечати

Селско месо од соја

Селско месо од соја

Состојки

  • 2-3 главици кромид
  • 5-6 суви пиперки
  • 200 грама печурки
  • 100 грама соја топчиња
  • маслиново масло
  • зачини (сол, бибер, мешан сув зеленчук...)

Подготовка

Ова е еден полесен ручек и е многу вкусен. Сигурна сум дека многу од вас сакаат селско месо, но и овај ручек со соја врши многу работа кога ви се јаде нешто брзо и вкусно. Се надевам ќе ви се допадне.

Сојата ја вариме во вода, ја цедиме во цедалка и ја тргаме да се подолади. Истото го правиме и со сувите пиперки. Јас ги варев посебно, а ако сакате ставете ги во големо тенџере и заедно сварете ги.
Потоа го сечкаме кромидот и го ставаме во тавче со нелепливо дно и со малку маслиново масло да се пропржи на тивко. Потоа ги сечкаме и печурките (не многу ситно ) и ги додаваме и нив во садот. Покриваме со капак и на среден оган заедно ги пржиме. Печурките сами ќе си пуштат сок и затоа не ставам многу масло. Одвреме навреме промешајте со лажица.
Во меѓувреме ги сечкаме пиперките и ако сакате и сојата ако сметате дека се големи парчињата, доволно е само на пола да ги сечите. Ги додаваме и нив во садот и ги пржиме со отворен капак.
Додадете зачини по желба а ако сакате да биде *помрсничко* додадете уште маслиново масло. Пржете додека кромидот и печурките не се испржат, бидејќи сојата и пиперките се варени.

На здравје !